30 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШто секој шеф сака да направите кога нешто ќе згрешите

Што секој шеф сака да направите кога нешто ќе згрешите

71741_profimedia0164718464_630x0

Сите правиме грешки и во приватниот живот и на работа. Тоа е едноставно човечка особина. Но не знаат сите како да исчистат зад себе и да ја поправат грешката. Еве како тоа да го направите на најдобар начин, така што шефот целосно ќе ви прости за грешката…

Работа на која сите забораваат

Професорот по менаџмент на Стенфорд, Роберт Сатн, напиша книга „Good Boss, Bad Boss“ во која дава рецепт за ефективно извинување: првата работа која треба да ја направите е потполно да ја прифатите вината за својата грешка, наместо да се обидувате да ја ублажите и разубавите ситуацијата. Ова ќе ви помогне да создадете илузија дека држите се под контрола. Сатн ги проучувал истражувањата за извинувањето и откри дека шефовите кои умеат да ги признаат своите грешки имаат подобра репутација и поголем успех. Значи, ако нешто не направите како што треба, отворено признајте ја својата грешка и извинете се, со ветување дека се ќе решите.

71740_profimedia0077827998_630x0

Совет кој им се дава на малите деца (а до кој и возрасните ретко се придржуваат)

Извинувањето треба да биде големо колку што е голема и грешката. Ако сте испратиле мејл со грешка во пишувањето, нема поради тоа „на колена“ да се извинувате, а ако сте направиле некоја голема грешка, тогаш нема да кажете само „извини“. Без оглед колку е голема грешката, никогаш не ја користете фразата „Жал ми е но…..“. Ккао што истакнува Сатн, истражувањата покажале дека користењето на „но“ по извинувањето го прави извинувањето неискрено.

Прилика која можете да ја икористите

Планот за поправање на грешката е најбрзиот начин да ги поправите нештата со шефот. Ако не можете да понудите решение, барем претставете му ги чекорите кои сте ги презеле да најдете решение. Џек Дели, бизнисмен кој управувал со големи тимови во текот на својата кариера, вели дека вработените кои ќе направат грешка и веднаш се обидуваат да пронајдат начин да ја поправат, ги гледал како одговорни лица на кои може да смета и лица кои можат да работат добро и под притисок.

71742_profimedia0138541709_630x0

Ветување за во иднина

Според Сатн, последниот чекор во извинувањето не треба да биде ветување дека тоа повеќе нема да се повтори, дури и ако сте сигурни дека нема. Наместо тоа, објаснете што сте научиле и што поинаку ќе направите во иднина. Тоа не мора да биде нешто исклучително – доволно е вашиот шеф да види дека сериозно сте ја сфатиле грешката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП