25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИLG развива „суперфон“ кој ќе има премиера во текот на годината

LG развива „суперфон“ кој ќе има премиера во текот на годината

lg rez22

„LG“ развива нов паметен телефон од висока класа, кој го опишуваат како „суперфон“. Компанијата планира да го претстави уредот во втората половина на оваа година, објави нејзиниот шеф на одделот за мобилна технологија Џун Чо, цитиран од онлајн изданието „ZDNet“.

„Веќе сме си направиле место во високата класа благодарение на нашите уреди од серијата „G“. Во втората половина од годината планираме да претставиме производ, кој е еден чекор повисоко“, вели Чо за време на „Mobile World Congress“ во Барселона.

Тој, сепак, одбива да даде повеќе детали за уредот, додавајќи дека ќе го стори тоа, кога ќе дојде „вистинскиот момент“. Изгледа, најголемата конференција за мобилни уреди во светот не спаѓа во оваа категорија.

Сепак, се чини дека уредот нема да е со закривен екран. Чо зборува одделно за намерите на „LG“ во оваа сфера. Според него корисниците ќе се поделени во двете крајности во мислењата за смартфонот со закривен екран „G Flex 2“. Тој додава дека дизајнот е експериментален и зависи од претставувањето на уредот на пазарот, дали понудата на такви телефони ќе продолжи и ќе се наметне во премиум сегментот.

На прашањето кога и „LG“ ќе започне да нуди паметни телефони со метално куќиште, Чо одговара дека тоа веќе не е одликување на квалитет за мобилните уреди, бидејќи се повеќе и повеќе компании го користат. Поважно ќе биде како металот се користи и како е претставен во самите уреди, додава тој.

„LG“ планира сериозни промени и во интерфејсот на своите уредите.

„Не сакаме едноставно да пуштиме телефон со нови функции, туку и да обезбедиме иновативен интерфејс кој ќе го промени животот на корисниците“, коментира Чо.

Четвртата генерација на „LG UX“ ќе биде објавена наскоро, а ќе има два режима на работа – стандарден и таков кој е предвиден за корисниците кои бараат повеќе и кои многу ги оптоваруваат уредите.

Чо, кој е на функцијата од неодамна, вели дека со доаѓањето во „LG“ ги тестираа сите телефони на компанијата, за да види дали човек кој не е запознаен добро со технологијата, може да ги користи лесно.

„За просечниот корисник, кој е меѓу 60% и 70% од сите купувачи, главната цел е да прикачува фотографии на социјалните мрежи. Сметам дека можеме да направиме така што луѓето ќе го користат моќниот компјутер во нивните раце полесно и повеќе пријатно“, коментира тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП