28 март, 2024
ПочетнаКУЛТУРАТри недели изложба на ОСТЕН дигитални карикатури

Три недели изложба на ОСТЕН дигитални карикатури

osten galerija

Во наредниве три недели, во галерија ОСТЕН последователнo ќе бидат изложени избор од пристигнатите дигитални карикатури на 43-та, 44-та и 45-та Светска галерија на карикатури Скопје 2014.

Во периодот од 6 – 13.3.2015 ќе бидат изложени карикатури од 43. Светска галерија на карикатури Скопје 2014, тематски конкурс за дигитални карикатури на тема “Лето”, кои ги одбра Мирослав Георгиевски Миро, Македонија (карикатурист), а награден карикатурист е Рос ТОМСОН, Обединетото кралство.

„Топло препорачуваме во овие доцни зимски денови да не посетите и да ги погледнете дигиталните карикатури од интернационални карикатуристи на тема “Лето”“, велат организаторите.

А 2015 година е многу важна година за ОСТЕН, затоа што оваа година прославува 70 години од неговото постоење (формиран 1 јануари 1945), додека минатата 2014 беше 45 години од одржувањето на 1-вата Светската галерија на карикатури  (20 август 1969). Тоа се јубилеи за почит, но со тоа, одговорноста за водењето на ОСТЕН и Светската галерија на карикатури е уште поголема…

Со текот на времето, ОСТЕН има искусено различна судбина – од потполна поддршка на заедницата и институциите, до транзиционална неможност за обавување на основните активности. Во тој транзиционен период, од 2005 до 2008 – три изданија на Светската галерија на карикатури не се одржаа, заради што настана пореметување во редоследот на годините на одржувањето на Светската галерија на карикатури. Токму затоа, последното издание наместо јубилејна 45-та, беше насловено како 42-ра Светска галерија на карикатури – Скопје 2014.

Изминатава година, 2014, по повод 45 години од постоењето на Светската галерија на карикатури, ОСТЕН донесе одлука да организира три тематски конкурси на дигитална карикатура, кои ќе ги пополнат пропуштените изданија и ќе го осигураат континуитетот на Светската галерија на карикатури. Со таа намера беа организирани Светска галерија на карикатури – Скопје 2014 тематски конкурс за дигитални карикатури на тема “Лето”, “Вино” и „Фудбал”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП