20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVW инвестира 1 милијарда долари во мексикански фабрика

VW инвестира 1 милијарда долари во мексикански фабрика

bilde (2)3

Германскиот автомобилски концерн „Volkwagen“ ќе вложи 1 милијарда долари во фабрика во Пуебла во Мексико, тврди внатрешен извор од концернот, цитиран од агенциите. Според него официјалното соопштение за инвестицијата ќе биде направено во понеделник.

Со парите ќе се прошири производството на моделот „Tiguan“. Инвестицијата ќе создаде околу 1900 нови работни места, пренесуваат агенциите.

На крајот на декември „ќерката“ на „VW“, компанија „Audi“ објави дека ќе вложи над 1 милијарда евра во нови фабрики во Мексико и Бразил. Само во Мексико во оваа година ќе има 850 нови вработувања.

Во средината на јануари, „Ројтерс“ јави дека и „Toyota“ размислува за изградба на нова фабрика во Мексико.

Кон декември вкупните инвестиции во автомобилскиот сектор во земјата достигнуваат 19 милијарди долари.

„Volkswagen“, која ја отвори својата фабрика во Пуебла во 1964-та година, таму лани има произведено 475.121 автомобили од вкупно околу 3,2 милиони.

Мексико е седмиот најголем производител на автомобили и четвртиот најголем увозник во светот, покажуваат податоците. Над 80% од произведените автомобили во оваа земја се за извоз.

Генералното автомобилско производство се зголемило за 27% во минатата година во однос на 2013-та година, а „AMIA“ очекува во Мексико да се прават над 5 милиони автомобили годишно до 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП