25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdidas затвора 200 продавници во Русија

Adidas затвора 200 продавници во Русија

OB-TU486_CADIDA_P_20120718022238

Германскиот производител на спортска опрема оваа година ќе затвори околу 200 продавници во Русија, но истовремено планира да отвори 100 нови.

Шефот на прес службата на компанијата, Николај Пертросјан, планот за затворање на продавниците го нарече „природен процес на селекција“. Оние продавници кои не задоволуваат со остварените приходи или со посетата на купувачи, се затвораат, објасни тој.

„Adidas“ во новоотворените продавници планира да премине на нови концепти „home court“ (домашен терен)– каде на голем простор ќе се продава спортска опрема и „neighborhood“ (соседство) со секојдневна облека и обувки.

Германскиот индустриски концерн „Adidas“, основан е во 1948 година e специјализиран за производство на спортска облека, обувки и опрема. Концернот има осум подружници во Германија и повеќе од 25 зависни подружници во другите земји. Во Русија компанијата има околу 800 продавници.

Според податоците на „Adidas“, компанијата е најголем трговец со спортска опрема во Русија, со пазарен удел од 60 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП