25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМинистерот Попоски на неформален состанок со европските колеги во Рига

Министерот Попоски на неформален состанок со европските колеги во Рига

poposki

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски на 6 и 7 март ќе учествува во Рига на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Исланд, Црна Гора, Србија и Турција.

Тема на состанокот ќе биде Јужното и Источното соседство на ЕУ, при што дискусиите ќе се фокусираат на прашања поврзани со најновиот развој на настани во земјите од овој регион.

Се очекува акцентот да биде ставен на случувањата во Украина, во светлина на постигнатиот нов мировен договор во Минск, како и за состојбите во Сирија и Ирак и борбата на коалицијата предводена од САД против ИСИЛ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП