19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКиев мора да купи 12 милијарди м3 гас за резервите

Киев мора да купи 12 милијарди м3 гас за резервите

gazprom ukraina23

Украина ќе мора да купи 12 милијарди кубни метри гас за да нејзините резерви се зголемат од осум на 20 милијарди м3 пред следната зима, рече потпретседателот на Европската комисија за енергетика, Марош Шефчович.

„Резервите на Украина сега изнесуваат осум милијарди метри кубни што е доволно да се гарантира транспорт за европските купувања на руски гас“, рече Шефчович по состанокот со министрите за енергетика на шленките на ЕУ.

„Украина мора да ги осигура нејзините резерви на износ од 20 метри кубни“, предупреди Шефчович.

Но „Украина мора да купи 12 милијарди метри купни гас или од државите на ЕУ или од Русија“, додаде еврокомесарот.

Украина троши 50 милијарди метри кубни гас годишно, при што произведува 20, а увезува 30 милијарди од Русија.

ЕУ секоја година купува од Русија 130 милијарди м3 гас од Русија, а половината од оваа количина минува низ Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП