25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНЛБ Групацијата ја заврши 2014 година со добивка во износ 62,3 милиони...

НЛБ Групацијата ја заврши 2014 година со добивка во износ 62,3 милиони евра

nlb112145

„НЛБ Групацијата во 2014 година го консолидираше своето работење и за првпат по 2008 година деловната година ја заврши со добивка во износ од 62,3 милиони евра“, рече претседателот на Управниот одбор на Банката, Јанко Медја, при претставувањето на деловните резултати за 2014 година. Притоа во името на управата на Банката, искрено им се заблагодари на клиентите на Банката, сите вработени и сите други заинтересирани, вклучувајќи го и сопственикот, Република Словенија, коишто во најтешките времиња и понатаму останаа приврзани на Банката и оправдано ја зачуваа довербата во најголемата словенечка финансиска институција.

Претседателот на Надзорниот одбор на НЛБ, Горазд Подбевшек, пред собраните новинари рече: „Станува збор за клучен пресврт во работењето на НЛБ Групацијата, која по повеќе години работење со загуба, оваа година ја заврши со добивка. Раководството на НЛБ за 2014 година ги исполни и ги надмина сите цели, поставени од страна на Надзорниот одбор. Банката го исполнува обврските што Словенија ги презеде во однос на Европската комисија во врска со докапитализацијата. Тоа се единствените критериуми коишто Надзорниот одбор ги зема во предвид при проценувањето на успешноста на работењето на Банката и работењето на Управата.“

Сите сегменти на суштествената дејност на Банката работат профитабилно, намалувањето на трошоците е над планот

Работењето на НЛБ Групацијата за првпат по 2008 година е позитивно. Во 2014 година НЛБ Групацијата оствари резултат пред резервации во износ од 207,5 милиона евра, а чистата добивка по оданочувањето изнесува 62,3 милиони евра.  Суштествен напредок постигнавме во областа на резултатот пред резервациите, којшто во најголема мера е последица од темелната преобразба на Банката и активното враќање на пазарот во сите пазарни сегменти: во работењето со населението и во работењето со малите, средните и големите претпријатија.

НЛБ Групацијата во 2014 година постигна резултат пред исправките и резервациите во износ од 207,5 милиони евра, што значи 192 милиони евра повеќе отколку во 2013 година, кога оствари резултат во износ од 15,5 милиони евра, измерен пред намалувањата на исправките и резервациите (заради споредливост), без да се земат предвид ефектите од преносот на имотот на Друштвото за управување со побарувањата на банките и престанувањето на квалификуваните обврски. Подобрувањето на редовниот оперативен резултат (пред исправките и резервациите) може да се припише на пропорционалниот придонес на подобрувањето на редовните приходи, кои во споредба со 2013 година се повисоки за 47 проценти, намалувањето на трошоците, коишто во споредба со 2013 година се пониски за 9 проценти и успешно спроведената постапка за државна помош. Кон подобрувањето на крајниот резултат по оданочувањето придонесе големото подобрување на условите во околината и стабилизацијата на исправките и резервациите, коишто во споредба со 2013 година се пониски за 928,8 милиони евра.

Сите сегменти на дејноста на Банката работат профитабилно. Во 2014 година НЛБ д.д. го зголеми пазарното учество во кредитите на небанкарскиот сектор  за 1,1 процентни поени. Во сегментот на кредитите на претпријатија пазарното учество исто така се зголеми за 1,1 процентни поени, додека во сегментот на кредитите на население пазарното учество порасна за 0,6 процентни поени.

Со силното присуство во Македонија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора, целата НЛБ Групација ги зачувува значајните пазарни учества и на тие пазари.

НЛБ Групацијата во 2015 година продолжува со темелниот процес на преобразба и планира понатамошно засилување на резултатите во сите сегменти од работењето и намалување на учеството на лошите кредити во портфолиото.

Банката има соодветна адекватност на капиталот и во целост го исполнува капиталниот план на ЕЦБ

Целосната преобразба на Банката веќе дава резултати. Периодот на нестабилност и докапитализации од страна на даночните обврзници е зад нас. Денес Банката има соодветна адекватност на капиталот и располага со здрава ликвидност. Во целост го исполнуваме капиталниот план за ЕЦБ којшто Банката го подготви при целосната оцена на адекватноста на капиталот есента 2014 година. Со добивката во 2014 година уште повеќе ја зголемивме адекватноста на капиталот.

За лошите кредити се извршени намалувања

Обемот на лошите побарувања во 2014 година во извесна мера се намали и останува стабилен, а во иднина би требало да се намалува со позасилено темпо. Во НЛБ д.д. бруто вредноста се намали за 84,7 милиони евра на 1,5 милијарда евра, а на ниво на НЛБ Групацијата за 150,4 милиони евра на 2,7 милијарди евра.

Во Банката активно управуваме со таа област, што вклучува подобрени механизми на надзор и рано откривање, процеси на преструктурирање, наплата и дезинвестирање. И во иднина НЛБ д.д. ќе продолжи со активната политика на контролирање и намалување на обемот на лошите кредити, за што подготвува системски решенија.

Динамиката на овој процес во голема мера зависи како од регулаторните барања, така и од успешноста на одделните постапки за преструктурирање на претпријатијата. На нив влијаат условите во стопанството, коишто се одразуваат во интензитетот на инвестициската побарувачка и како последица на тоа во обемот на новото кредитирање. Намалувањето на учеството на лошите кредити ќе биде постепено и заедно со залагањето за колку што е можно подобра наплата ќе трае повеќе години.

Засилување на интегритетот е приоритетна задача на Банката

Како приоритетна задача во Банката го истакнавме засилувањето на интегритетот на организацијата во смисла на спечување на штетно и неетичко однесување. Во рамките на систематскиот и структурираниот процес на утврдување на причините за настанување на лошите пласмани, којшто продолжува во 2015 година, ги идентификуваме клучните фактори коишто придонеле кон причините за настанување на лошите пласмани; сознанијата директно ги вклучуваме во подобрувањето и обновувањето на работните процеси.

Врз основа на темелниот преглед во 2014 година идентификувавме 64 одделни сомневања за кривични дела. Од тоа 31  се сомневања за кривични дела коишто ги сториле лица надвор од Банката, а 30 се сомневања за кривични дела коишто ги сториле сегашни и поранешни службеници на Банката. Во три сомневања за сторени кривични дела се вклучени како внатрешни, така и надворешни сторители. На Националното биро за истраги во 21 кривична пријава му доставивме 34 сомневања за утврдени кривични дела, а на други единици на полицијата во 30 кривични пријави им доставивме 30 сомневања за кривични  дела. Во постапките во коишто Банката со дејствијата беше оштетена, активно поднесуваме имотно-правни барања, со цел Банката со успешна постапка да се надомести настанатата штета. Поднесовме пријави за вкупно 62 лица за посебни кривични дела. За сите поднесени кривични пријави го известувавме и Специјалното обвинителство на Република Словенија.

Во НЛБ сосредоточено ќе се грижиме работењето на Банката да биде доследно етично и во согласност со најдобрите меѓународни практики во таа област. Со цел зголемување на стандардите за чесно, транспарентно и законито работење во Словенија,  ќе учествуваме и во пошироки општествени и стручни иницијативи.

Предизвици во иднина

Согласно со преземените обврски кон Европската комисија, Банката уште годинава се подготвува за приватизација, за којашто словенечката влада се обврза дека ќе ја спроведе до 2017 година. Станува збор за сложен, повеќегодишен процес. Затоа една од клучните цели на сегашната управа е да ја зголемува вредноста на Банката, така што потенцијалните купувачи да може да понудат најмногу, како од аспект на цената, така и од аспект на идниот развој.

Управата на НЛБ искрено им се заблагодарува на клиентите, на сите соработници во НЛБ Групацијата, на сопственикот, Република Словенија, како и на сите други заинтересирани коишто и во најтешките времиња ја зачуваа довербата во најголемата словенечка финансиска институција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП