25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord ја запозна Европа со својот суперавтомобил (фото+видео)

Ford ја запозна Европа со својот суперавтомобил (фото+видео)

gt ford 1

Откако дебитираше пред публиката на автосаемот во Детроит во јануари, новиот „Ford GT“ го „испочитува“ и најголемиот европски саем – тој во Женева. Според прелиминарните податоци суперавтомобилот ќе се појави на пазарот на Стариот континент во 2016-та година.

Како и „Ford Mustang“, така и „Ford GT“ е опремен со мотор од семејството „Ecoboost“. Шестцилиндарскиот мотор со две турбини и специјално развиен систем за вбризгување на горивото развива повеќе од 600 КС, а работи во комбинација со 7-степен мануелен менувач, чии карактеристики засега остануваат тајна.

gt ford 12

Креаторите на овој модел тврдат дека постигнале сериозни резултати во однос на намалувањето на телесната тежина, благодарение на користењето на алуминиум и јаглеродни влакна. Самиот „Ford GT“ остава голем впечаток со вратите кои се отвораат нагоре и со активниот заден спојлер.

Карактеристиките на ентериерот се мултифункционалниот управувач во стил на „Формула 1“, дигиталниот панел со инструменти, кој може да биде конфигуриран по желба на возачот, а исто така и мултимедијалниот систем „Sync“ од последната генерација.

gt ford 13

Интересно е дека седиштата на возилото се фиксни за сметка на можноста за регулирање на управувачкиот столб и на педалите.

Според информациите кои пристигаат од овој производител, моделот „Ford GT“ би требало да се продава по цена од 400.000 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП