28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИING конечнo го продаде својот удел во американскиот осигурител Voya

ING конечнo го продаде својот удел во американскиот осигурител Voya

ingvoyafinancial300

Најголемата холандска банка „ING“ објави дека го продала преостанатиот удел во американската осигурителна компанија „Voya“ за 2 милијарди долари, со што излегува од секторот на осигурување во САД.

По секундарната јавна понуда на акции, објавена во вторникот, од „ING“ соопштија дека ги продале и последните 32 милиони акции на „Voya“ по цена од 44.20 долари за готово.

„Продажбата го финализира заминувањето на нашето седиште во САД, дејноста поврзана со пензиско осигурување, инвестиции и осигурување“, се вели во соопштението на „ING“.

Излегувањето на „ING“ од „Voya“ започна со иницијална јавна понуда на акции во мај 2013-та година.

ING Bank“ ќе продолжи да ја развива активноста во САД преку платформата за корпоративни и институционални клиенти, со седиште во Њујорк. Продажбата доаѓа по период на сериозно преструктуирање на осигурителната дејност на „ING“, преземена откако банката доби 10 милијарди евра спасувачки средства од холандската влада по кризата од 2008-ма година.

Банката го врати износот со камата во ноември 2014-та година, а минатиот месец ја најави и првата исплата на дивиденда од 2008-ма година.

Со продажбата на нејзиниот удел во „Voya“ се забележува „крајот на една ера“ за банката, според претседателот на „ING“, Ралф Хамерс.

„Пред 40 години влеговме со осигурување на живот на пазарот во САД со стекнување на мнозинскиот удел во „Wisconsin National Life Insurance Company““, забележува Хамерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП