29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOculus VR и Samsung ќе продаваат масовно очила за виртуелна реалност

Oculus VR и Samsung ќе продаваат масовно очила за виртуелна реалност

ocila virtuelni

„Samsung“ и „Oculus VR“ планираат да се зголеми фокусот кон очилата за виртуелна реалност. Двете компании сакаат да започнат масовна продажба на овие уреди до крајот на оваа година, соопшти нејзиниот главен технички директор Џон Кармак, цитиран од онлајн изданието „Re/Code“.

Во моментов „Samsung“ и „Oculus“ ги нудат „Gear VR“, кои се продаваат како „Innovator Edition“ и се определени од компаниите како пробна верзија. Очилата можат да се користат со смартфонот „Note 4“ на „Samsung“, откако пред неколку дена беше претставена неговата нова верзија и за новите „Galaxy S6“ и „S6 Еdge“.

„Внатре во компаниите некои луѓе би сакале очилата да беа претставени како погодни за програмери и креатори на апликации и услуги. „Samsung“ сепак не нуди такви работи“, коментира Кармак. Собраните информации и критики од продадените до моментов „Gear VR“ очила, сепак очигледно се доволни и компаниите веќе гледаат во следната фаза од нивниот развој.

Тој додава дека комбинацијата на очилата со смартфон е најпосакувана од „Oculus“ и од „Samsung“, бидејќи според компаниите тоа значително ја зголемува потенцијалната публика и го прави производот попривлечен, бидејќи нема да е поврзан со „PC“.

„Компјутерот може да е помоќен, но мобилните телефони водат до свет со повеќе од милијарда луѓе кои ќе користат очила за виртуелна реалност“, коментира Кармак.

Планот на компаниите е уште оваа година да ја достават финалната верзија на „Gear VR“ за мобилни телефони. „Samsung“ предвидува и голема маркетинг кампања и целта ќе е да се продаваат со секој друг производ, па со тоа да се оствари што е можно поголема продажба. Кармак признава дека се уште не може да каже каква содржина најмногу ќе им се допаѓа на корисниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП