29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„ТАВ“ го промовира Охрид на најголемиот светски туристички саем во Берлин

„ТАВ“ го промовира Охрид на најголемиот светски туристички саем во Берлин

ohridAerodrom

Компанијата „ТАВ“ го промовира Охрид и аеродромот „Св. Апостол Павле“ на најголемиот светски туристички саем – ИТБ Берлин (Меѓународниот туристички саем – Берлин) што моментно се одржува во главниот германски град.

Турскиот холдинг „ТАВ аеродроми“ спроведува маркетинг-активности на различни локални и меѓународни саеми за промоција на регионите во кои се наоѓаат аеродромите, портфолиото, како и на своите услужни компании.

Меѓународниот туристички саем ИТБ-Берлин, се смета за најголем туристички настан во светски рамки, а ТАВ годинава учествува по 12-ти пат. Поставен на површина од 160.000 квадратни метри, саемот е домаќин на околу 10 илјади учесници од повеќе од 180 земји и над 180.000 посетители.

„Ги промовираме дестинациите на аеродромите управувани од страна на „ТАВ холдингот“ во Грузија, Македонија и во Тунис. На 12- годишнината од нашето учество на овој саем, целта ни е да направиме значителен придонес за областите каде што работиме. Свесни сме дека аеродромите, како места за влез и излез од државите и градовите, играат важна улога во развојот на туризмот. Според тоа, денес сме горди што учесниците и посетителите на саемот обрнуваат големо внимание на нашиот штанд, на кој се претставени 14 аеродроми во седум држави, управувани од страна на холдингот ТАВ и од нашите услужни компании, на различни локации низ целиот свет. Ние исто така ги промовиравме аеродромите во Измир, Газипаша и Бодрум на ИТБ Берлин, каде што на едно место можат да се најдат водечките претставници на туристичката индустрија на глобално ниво. Се трудиме да го зголемиме бројот на летови паралелно со туристичкиот потенцијал на овие места“, изјави Аслихан Чортук, маркетинг-директорка на „ТАВ аеродроми“.

„ТАВ аеродроми“, светскиот бренд во аеродромските операции, учествува на 49-тиот Меѓународен туристички саем ИТБ-Берлин, што е еден од најпрестижните настани во туристичката индустрија. Покрај промоцијата на Измир, Газипаша-Аланија и Бодрум на штандот на „ТАВ аеродроми“, исто така  успешно се промовираат и Батуми во Грузија, Охрид во Македонија и регионот Енфида – Хамамет во Тунис.

„ТАВ Македонија“, пак, неодамна ја одбележа петгодишнината од своето постоење. Од 2010 – кога „ТАВ аеродроми“ почна оперативно да управува со двата македонски аеродроми – „Александар Велики“ во Скопје и „Св. Апостол Павле“ во Охрид,  воведени се 17 нови дестинации, а истовремено бројот на патници на аеродромите порасна за 75%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП