25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова белгиска инвестиција во Македонија

Нова белгиска инвестиција во Македонија

Belgija

Реномираната белгиска компанија SLABINCK NV е новиот инвеститор во Република Македонија.

По неколкумесечни успешни преговори со Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, компанијата одлучи да инвестира во општина Гази Баба каде што за почеток веќе е обезбедена хала и работен простор во површина од околу 900 м2 кој наскоро се планира и да се прошири. Компанијата, која има свое седиште во градот Бриж, во провинцијата Западна Фландрија, се занимава со ласерско сечење и обработка на метали, а воедно е и еден од најголемите клиенти на веќе присутен инвеститор во една од технолошко индустриски развојни зони.

На денешната средба во Скопје помеѓу  косопственикот и главен извршен директор на компанијата г-динот Лук Слабинк и заменик директорот на Агенцијата за странски инвестиции г-динот Климент Шекеровски беше официјализирана новата инвестиција.

На средбата соговорниците го истакнаа следното:

Климент Шекеровски: „Задоволство ми е што имам можност, заедно со г-динот Слабинк, да ја информираме македонската јавност за влезот на уште една реномирана компанија која станува интегрален дел од домашната економија. Со влезот на белгиски Slabinck NV, што за нас како владин тим претставува валоризација на сиот досегашен ангажман и напори за нивно убедување да дојдат во Република Македонија, ќе се отворат нови можности за вработување на нашите граѓани, но и можност за деловна соработка со голем број локални коминтенти. Значајно за нас е и тоа што во оваа почетна фаза опремата и машините се набавени од домашни компании, а во натамошниот период ќе следува и проширување на просторот и негово доопремување со најсовремена машинска технологија. Според најавите на инвеститорот, се очекува вредноста на целокупната инвестиција да достигне околу 3 милиони евра. Денешниот настан е само потврда на успешната политика на Владата за привлекување на странски компании кои ја избираат Македонија како своја бизнис дестинација“.

Лук Слабинк: Во втората половина од 2014 година, остварив средба со господинот Шекеровски и неговиот тим од Агенцијата за странски инвестиции во Скопје кои што навистина со својата професионалност и континуирана поддршка во сиот изминат период ми овозможија полесно, заедно со своето семејство, да донесеме одлука за започнување на нов инвестициски проект во дотогаш за нас една релативно непозната земја. Би сакал да упатам благодарност до г-динот Шекеровски и неговиот тим за овозможената поддршка и сигурен сум дека ова ќе биде добра препорака и за моите деловни партнери од Белгија и пошироко за инвестирање во Македонија каде што наидовме на одличен прием“ .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП