19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПотворно одложено производството на големиот iPad

Потворно одложено производството на големиот iPad

bloomberg ipad

Apple повторно ќе го одложи производството на големиот „iPad“. Првично се очекуваше 12,9-инчниот „iPad“ да се појави оваа пролет, но се чини е одложен за наесен, објави агенцијата „Bloomberg“.

Според изворите на агенцијата, овој пат причина се одложувањата во испораките на дисплеите за уредот. Компанијата до последно сакала да започне производство на големиот „iPad“ уште во првиот квартал на оваа година.

Останува нејасно дали „Apple“ сепак ќе го претстави таблетот за време на настанот на 9-ти март. Можно е таа да ја повтори практиката со „Apple Watch“, кој го претстави првиот во септември минатата година, кога објави дека неговата продажба ќе започне дури во пролетта на 2015-та година.

Извршниот директор на компанијата Тим Кук е меѓу главните поддржувачи на големиот „iPad“. Тој смета дека таквиот модел ќе ја зголеми потенцијалната публика на таблетот.

Големите таблети традиционално се најпосакувани од бизнис корисниците, а 12,9-инчниот „iPad“ треба да биде насочен токму кон нив. Како потенцијални придобивки ќе бидат истакнати мноштвото апликации и функции на таблетот, како и можноста да го замени лаптопот при работа на отворено.

Според предвидувањата на аналитичарите од „IHS Technology“ пазарот на бизнис таблети ќе скокне до 101 милиони единици годишно во 2019-та година во однос на 19 милиони во 2013-та година. Засега од „Apple“ не коментираат на оваа тема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП