28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСо едно полнење Audi Q7 e-tron може да мине 1410 километри (фото)

Со едно полнење Audi Q7 e-tron може да мине 1410 километри (фото)

q7 etron

Компанијата „Audi“ го искористи автосалонот во Женева, за да ја покаже хибридната верзија на новата генерација на теренецот „Q7“, која го носи името „e-tron“. Моделот се потпира на комбинација на дизел мотор и електромотор, а може да помине 1410 километри само со едно полнење.

Во хибридниот агрегат на моделот, кој е со погон на сите четири тркала, влегуваат 3.0-литарски V6 турбодизел со моќност од 258 Кѕ и 600 Nm вртежен момент, 8-брзински автоматски менувач и електромотор кој развива 127 Кѕ и 340 Nm. Вкупната моќност на агрегатот е 373 Кѕ и 700 Nm, што овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за 6 секунди и развивање на максимална брзина од 225 км/ч.

q7 etron1

Напојувањето на електромоторите е доверена на комплет литиум-јонски батерии кои се состојат од 168 поединечни клетки. Моќноста на целиот блок е 17,3 kW / h, а моделот е опремен со двофазен полнач со капацитет од 7,2 киловати. Во зависност од видот на мрежата на која е поврзано возилото, акумулаторите можат да се полнат за околу 2,5 часа.

Електрониката на теренецот работи на неколку начини. „Audi Q7 e-tron“ може да се движи како само на електрична енергија, така и со помош на сите компоненти на агрегатот.

q7 etron2

Покрај тоа, возилото е опремено со систем за обновување на енергијата при сопирање, која исто така нуди неколку начини на работа. Тие можат да бидат променети од возачот со помош на прекинувачи, лоцирани на воланот на теренецот.

Во опремата на „Audi Q7 e-tron“ се вклучени 19-инчни бандажи, систем за стабилизација, 12,3-инчен дисплеј кој го заменува панелот со инструменти, мултимедијален систем „MIMI“ со чип „NVIDIA Tegra 30“, „Touchpad“, „Wi-Fi“ и навигација, 3D-аудио „Bose“, климатизација и друго.

q7 etron3

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП