20 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОBild: Можен бојкот поради несреќата на Алонсо?

Bild: Можен бојкот поради несреќата на Алонсо?

alonso bolnica

Неколку тимови од безбедносни причини би можеле да ја бојкотираат првата трка во новиот шампионат на Формула 1, тврди германски „Bild“.

Според истиот извор, мистериозната несреќа која ја доживеа возачот на Мекларен, Фернандо Алонсо, на тестирањата во Барселона би можела да има сериозни последици по трката за Големата награда на Австралија.

Причината за загриженост е фактот што сеуште стојат сомнежите дека Шпанецот „го удрила струја“ од хибридниот систем на моторот и дека тоа е вистинската причина што тој ја загубил свеста.

Загриженоста на тимовите е оправдана бидејќи таков струен удар би можел да биде фатален, а доколку се докаже дека токму тоа е причината за инцидентот тогаш ќе се покаже дека хибридните системи и не се толку безбедни.

Италијанските медиуми исто така објавуваат информации кои можат да фрлат сериозни сомнежи во тврдењата на Мекларен, додека „Sky“, повикувајќи се на луѓе кои се блиски со Алонсо, објави дека Шпанецот почувствувал силен удар во пределот на рбетот по што ја загубил свеста.

Изминатите денови Мекларен практично сам се демантираше, особено кога станува збор за повредите на Алонсо. Најпрвин тимот објави дека Алонсо имал потрес на мозокот како последица на ударот, потоа Рон Денис изјави дека тоа не се случило и дека Шпанецот минал без повреди и нагласи дека тој ќе вози во Австралија.

Меѓутоа во последното соопштение на Мекларен повторно се споменува дека Алонсо добил потрес на мозокот и дека поради тоа ќе ја пропушти првата трка во сезоната.

Возачот на Ферари Себастијан Фетел кој пред да се случи инцидентото возел зад Алонсо, истакнал дека се што се случило не изгледало како „нормална несреќа“.

Bild“ тврди дека ударот во ѕидот бил толку силен бидејќи Алонсо претходно ја загубил свеста.

Техничкиот персонал на Мерцедес и Рено тврди дека доколку во истот време се случи да паднат пет различни системи дека тоа би предизвикало струен удар.

„Она што е невозможно, може да стане возможно“, рекол еден од нив.

Меѓутоа она што е интересно Хонда нема пет туку само три безбедносни системи, а како што пишува „El Mundo“, Алонсо побарал тимот да му објасни зошто и како се случила несреќата. Доколку не добие објаснување шпанските медиуми тврдат дека тој ќе го напушти Мекларен.

Новото првенство во Формула 1 ќе стартува со трката за Големата награда на Австралија на 15-ти март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП