25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе вработија уште 30 деца без родители

Се вработија уште 30 деца без родители

deca bez roditeli resenija 23

Уште 30 решенија за вработувања на лица кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа, во среда, врачија премиерот Никола Груевски и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Покрај ова, премиерот рече дека Владата презема и дополнителни мерки за субвенционирано вработување на лицата кои до 18 години имале статус на деца без родители, како и директно вработување во Министерствата.

Ова директно вработување се одвива етапно. Денеска беа издадени решенијата за 30 нови вработувања, а Груевски најави дека завршува огласот за дополнителни нови 30 вработувања кои треба да се реализираат оваа 2015-та година.

Покрај вработувањата, премиерот рече дека е зголемена еднократната парична помош што овие лица ја добиваат кога го напуштаат домот и дека таа во моментов изнесува 3.000 евра, наспроти износот од 18.000 денари или 300 евра којшто овие лица во минатото го добивале при напуштање на домот.

Исто така, Груевски рече дека лицата кои што имаат статус на деца без родители и кои што се запишале на факултет добиваат месечна финансиска помош, со што, како што нагласи, дополнително е зголемен бројот на лица кои што завршуваат високо образование.

„Пред 20-тина година бројот на лицата кои што израснале во Дом и завршиле факултет беше еден до два“, рече Груевски.

Потсети дека, во моментов, се спроведува обука за компјутерски вештини и англиски јазик, која што ја посетуваат околу 400 лица.

Во делот на решавање на станбеното прашање, обезбедени се 134 социјални станови наменети токму за оваа категорија на граѓани.

Пред присутните се обрати и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој потенцира дека програмата т-10 е само уште едно продолжување на конкретните мерки и чекори што Владата ги презема за лицата кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска грижа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП