29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВип промовираше нова услуга- Купи онлајн

Вип промовираше нова услуга- Купи онлајн

vip-9999

Мобилниот оператор Вип во средата ја претстави услугата „Купи онлајн“, која ќе им овозможи на корисниците да ги купуваат производите и услугите од интерес во било кое време, каде и да се.

Купувањето во интернет продавницата на Вип е брзо и ефикасно, а на располагање на корисниците им се речиси сите услуги кои се достапни и во продажните центри на Вип.

Корисниците на менито „Купи онлајн“ можат да склучат нов или да го обноват својот постоечки постпејд договор, да набават припејд пакети за користење на припејд услугите на Вип, да купат мобилни телефони и друга терминална опрема (припејд картички, интернет стикови итн.) од актуелната понуда на Вип, како и останати услуги, или пак директно со одбирање на производите и услугите во Советникот за телефони кои се означени со знакот кошничка.

„Ми претставува особено задоволство што ја отвораме нашата интернет продавница, продажен канал кој ја проширува нашата продажна мрежа и уште повеќе ги доближува производите и услугите на Вип до корисниците. Заедно со 21 Вип центар и над 60 партнерски продавници ширум земјата каде корисниците можат да ги набават нашите производи и услуги, од сега тие ќе имаат 24-часовен пристап до нашите производи и услуги и истите ќе можат да ги купат преку нивниот компјутер, каде и да се на брз и едноставен начин“, изјави Гернот Раш, Главен маркетинг директор на Вип.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП