18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата и натаму под 61 долари, Саудиска Арабија очекува стабилизација...

Цената на нафтата и натаму под 61 долари, Саудиска Арабија очекува стабилизација на пазарот

nafta-dolar

Цената на нафтата се стабилизираше во средата на светските берзи под ниво од 61 долар откако саудискиот министер изјави дека очекува пазарот сам да пронајде рамнотежа и дека цената ќе се стабилизира, укажувајќи и на поцврстиот раст на светската економија.

На лондонската берза цената на барел за испорака во април падна 42 центи во однос на претходното затворање на 60,0 долари. Во понеделникот го заклучи тргувањето во плус 2,5 отсто. На американската берза со барелот се тргуваше по 23 центи повисока цена, од 50,75 долари.

Цената на нафтата во вторникот ја поттикнаа вооружените судири во Либија, за да во средата вниманието се пренасочи на саудискиот министер за нафта Али ал Наими, кој изрази надеж и очекување дека нафтениот пазар сам ќе пронајде рамнотежа и дека цената на нафтата ќе се стабилизира.

„Се надевам и очекувам дека понудата и побарувачката ќе бидат врамнотежени и дека цената ќе се стабилизира“, рече Наими во Берлин. „Се чини дека светскиот економски раст денеска е поцврст“, додаде Наими.

Неговото обраќање во Берлин се надоврза на веста дека Саудиска Арабија во вторникот ги зголеми службените продажни цени на нафтата за купувачите во Азија и во САД.

„Тоа е знак дека цените го допреле дното бидејќи подразбира дека Саудијците ја креваат цената без страв дека ќе загубат дел од пазарниот удел“, појаснува Тони Нунан од токијската корпорација Mitsubishi.

Кон крајот на минатата година OPEC го задржа нивото на производство на 30 милиони барели годишно со оглед дека преовлада мислење на Саудиска Арабија која во борба за пазарниот удел се залага за тоа цените да се дефинираат на пазарот, а не со намалување на понудата, ако што бараа посиромашните членки на OPEC, како што се Венецуела и Иран.

OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка нафта во вторникот изнесувала 56,13 долари, што значи дека паднала за 80 центи во однос на претходниот ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП