29 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple веќе продава повеќе смартфони од Samsung

Apple веќе продава повеќе смартфони од Samsung

ap sams 32

Американскиот технолошки концерн „Apple Inc“ има продадено најмногу смартфони во последниот квартал, одземајќи ја лидерската позиција на „Samsung Electronics Co Ltd“ за прв пат од 2011-та година, покажуваат податоците на аналитичката компанија „Gartner“.

„Apple“ има продадено 74,83 милиони смартфони на крајните корисници, додека корејскиот концерн продал 73,03 милиони уреди, стои во податоците објавени од „Gartner“.

Успехот на моделите со големи екрани „iPhone 6“ и „iPhone 6 Plus“ ја охрабри продажбата на „Apple“ во првиот фискален квартал, кој заврши на 27-ти декември. Компанијата забележа профит од 18 милијарди долари за периодот.

Продажбата на паметните телефони на „Apple“ предвиде раст од околу 49 отсто во четвртиот квартал според „Gartner“. За разлика од Американците, „Samsung“, кој доминира на пазарот од 2011-та година, забележа пад од речиси 12%.

Во јануари корејскиот концерн забележа петти последователен квартал на пад на приходите во мобилната единица.

Смартфоните на корејската компанија се релативно поволни – за разлика од оние на „Apple“. За новиот „iPhone 6 Plus“ компанијата сака просек од околу 680 долари. Иако трошоците за него се само за околу 15 долари повисоки од оние на стандардниот модел, цената му е околу 100 долари повисока.

„„Samsung“ продолжува да се бори за контрола над својот пад на уделот на пазарот на паметни телефони, кој беше највисок во третиот квартал од 2013-та година“, вели Аншул Гупта, главен аналитичар во „Gartner“.

Освен со американскиот концерн од Купертино, „Samsung“ треба да се спротивстави и на нискобуџетните кинески производители „Xiaomi“ и „Huawei“.

Генерално во 2014-та година биле продадени за прв пат над 1 милијарда смартфони. Во Германија на пример секој втор корисник (58%) поседува телефон со кој може да се поврзе со интернет.

ap sams 31

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП