25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИGoogle ќе стане виртуелен мобилен оператор

Google ќе стане виртуелен мобилен оператор

google sim

Од „Google“ потврдија дека под своето име ќе започнат да нудат одредени мобилни телекомуникациски услуги, но најверојатно во соработка со постоечките телекомуникациски оператори.

Според претходните извештаи, „Google“ ја разгледува можноста да стане виртуелен мобилен оператор (Mobile Virtual Network Operator – MVNO), со што ќе добие можност за нудење на различни услуги преку мрежите на партнерските мобилни оператори кои веќе имаат изградено сопствена инфраструктура.

Потпретседателот на „Google“, Сундар Пичај, во разговор со новинарите на „Mobile World Congress“ потврди дека компанијата работи на мобилните телекомуникациски услуги, но не сподели повеќе детали во врска со овој проект.

Тој само истакна дека услугата ќе биде претставена во текот на следните неколку месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП