29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАтланта победи иако губеше со 18 поени

Атланта победи иако губеше со 18 поени

hi-res-ae9831eb32cbd52719242471a4225980_crop_exact

Кошаркарите на Атланта го совладаа Хјустон со 104:96 и теоретски го обезбедија пласманот во разигрувањето. Атланта со скор од 48 победи и 12 порази е лидер на Истокот и воопшто во НБА лигата.

Атланта славеше во натпревар во кој имаше негатива од 18 поени, а до победата тимот го предводеше Џеф Тиг со 25 поени. Покрај Тиг одлична игра прикажаа уште и Ал Хорфорд (18 поени), Денис Шредер (16 поени) и Пол Милсап (16 поени, 14 скока).

Перо Антиќ на паркетот мина нешто помалку од 13 минути и во статистиката запиша три поени и по два скока и асистенции.

Хјустон на овој меч играше без Џејмс Харден, кој ја одработи суспензијата од еден натпревар. Во отсуство на Харден Хјустон го предводеше ветеранот Џејсон Тери со 21 поен, додека екс играчот на Атланта Џош Смит постигна 14 поени.

Резултати: Шарлот-ЛА Лејкерс 104:103, Кливленд-Бостон 110:79, Њујорк-Сакраменто 86:124, Чикаго-Вашингтон 97:92, Мемфис-Јута 82:93, Денвер-Милвоки 106:95.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП