20 април, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Театар комедија“ со влезници од 100 денари во март

„Театар комедија“ со влезници од 100 денари во март

teatar-komedija

По повод третиот роденден на „Театар комедија“ и одблежување на Светскиот ден на театарот 27 март, на несекојдневен начин ќе го доближи театарот до публиката.

„Во март насмевката = 100ден״, кампања со која ќе се намалат цените на билетите  со цел – поголема достапнист на театарот.

„Театар Комедија״, кој е прогласен за супер бренд во 2014 година, продолжува со својата иновативна приказна на доближување кон публиката, покажување хуманост на дело и желба за афирмација и фокус врз театарот како основа за севкупното културно издигање.

Имајќи ја предвид важноста на македонските автори и потребата за валоризација на нивниот труд, „Театар Комедија״ го става во фокусот на вниманието режисерскиот опус на Наташа Поплавска и нејзината 20-годишна професионална дејност.

Овој настан ќе биде одбележан со циклусот наречен „48 часа со Наташа Поплавска״, во кој на 7-ми и 8-ми март ќе има можност да се проследат нејзините активни претстави: „Цветната улица״ автор Киро Донев, продукција Театар за деца и младинци и Арт Медиа, „Лисистрата״ од Аристофан во продукција на Театар Комедија и Арт Медиа, „Буре Барут״ од Дејан Дуковски во продукција на НТ „Војдан Чернодрински“, Прилеп, „Госпоѓа министерка״ од Бранислав Нушиќ, продукција на МНТ и Вртелешка,  „Како мене Пјаф״ со Фолтин во продукција на Народен Театар Битола и Арт Медиа.

Вреднувајќи го животот и ценејќи го доброчинителството, ,,Театар Комедија״ во соработка  со  Црвен Крст на 11 март од 11ч. до 16 часот, ќе организира крводарителска акција во фоајето на театарот и ги кани да земат активно учество, сите колеги и заинтересирни граѓани.

Репертоарот на Театар Комедија во март ќе биде збогатен со уште една премиера, праизведба на текстот „Нешто пропуштаме״ на писателот Горјан Милошевски во режија на Бојан Трифуновски.

Најважниот дел од секоја претстава – публиката, ќе го добие заслуженото внимание, благодарение на соработката со Хотел ресторан „Русија“, гледачите ќе имаат можност да бидат наградени со вредносни ваучери за СПА центарот во Хотел ресторан „Русија“, а пак гоститите на Хотел ресторан „РусијаР ќе имаат можност да добијат билети за претставите во март.

„Театар Комедија ״ во својата акција ќе ја вклучи и издавачката куќа LAKRIMA LITERALIS  која во просториите на „Театар Комедија״ ќе продава книги по популарна цена , со една единствена  потреба – доближување на  книгата кон публиката.

Знаејќи ја важноста на театарот, мисијата на  „Театар Комедија״ е да ги отвори своите врати за театарите од внатрешноста и со тоа  да и овозможи на скопската публика да ги види претставите кои се случуваат и надвор од главниот град.

По гостувањето на Охридски театар во декември, следното гостување е на „Буре барут״ на НТ Прилеп , а следниот месец ќе гостува „Лулка״ на НТ Штип.

„Тетар Комедија״ нема да ги заборави и најмладите, преку воспоставената соработка со ОУ ,,Кочо Рацин״  ќе им овозможи да  се запознаат со начинот на функционирање на еден театар и  ќе им дозволи посета на проба со цел -запознавање на театарската магија одблиску.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП