28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕдинствена понуда од Шпаркасе Банка и Настел

Единствена понуда од Шпаркасе Банка и Настел

cvcbb

На денешното отворање на Саемот за градежништво Шпаркасе Банкa го промовираше новиот станбен кредит во соработка со Настел со фиксна каматна стапка за првите 10 години.

Со овој уникатен производ на пазарот, Шпаркасе Банка ја збогатува својата понуда со кредити кои на граѓаните им овозможува поголема сигурност во планирањето на своето домување и планирање на иднината.

‘‘Во соработка со Настел ја креиравме оваа уникатна понуда за станбен кредит со фиксна каматна стапка за првите 10 години. Чест ни е да го промовираме овој призвод токму со Настел –  наш долгогодишен партнер и компанија со долга традиција на македонскиот пазар, која на граѓаните им нуди одличен спој на цена и квалитет. Се разбира, Банката останува отворена за соработка и со други градежни компании, со крајна цел што повеќе семејства да ги реализираат своите планови за домување.

cvcbb

На овој начин Шпаркасе Банка ја потврдува својата определба да биде стабилен финансиски партнер на семејството, со тоа што им овозможува однапред планирање на трошоците и правилно распоредување на својот семеен буџет. Секако оваа понуда е овозможена со поддршка на нашата матична Банка Штаермеркише Шпаркасе, која оваа година го слави својот 190-ти роденден.‘‘, рече г-дин Глигор Бишев, Претстедател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка.

Промотивно, до триесетти април кредитот е без провизија за одобрување, додека максималниот рок за отплата е 180 месеци. За време на Саемот, Настел ги промовира новите два проекти со дополнителна поволност: специјален саемски попуст од педесет евра за метар квадратен.

„Навистина сме задоволни од политиката на Шпаркасе Банка на долг рок да им обезбеди стабилност на нашите клиенти по навистина поволни каматни услови. Овој заеднички проект на Настел и Шпаркасе Банка очекувам дека ќе наиде на огромен интерес бидејќи е симбиоза на докажан квалитет на станбен простор – сега по супер услови за кредитирање – со фиксна каматна стапка за 10 години.“, изјави г-дин Зоран Азманов, претставник на Настел.

Шпаркасе Банка и Настел настапуваат заеднички на овогодинешниот Саем за градежништво кој се одржува од 3-ти до 7-ми март на Скопскиот Саем. Сите заинтересирани можат да го посетат нивниот штанд на кој ќе добијат повеќе информаци за кредитот, или да ги посетат веб страните на Шпаркасе Банка и Настел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП