23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов маркет на Рамстор и на Водно

Нов маркет на Рамстор и на Водно

ramstore33

Во настојувањата секогаш да се биде поблиску до потрошувачите, во среда, точно во 11 часот на Водно ќе биде отворен шеснаесетиот маркет од синцирот на  „Рамстор“, објавија од компанијата.

Овој објект се наоѓа на улицата „Тодор Александров“, маркетот е на површина од 600 квадратни метри продажен простор и 220 м2 магацински простор, со 18 вработени. Маркетот располага и со сопствен паркинг простор.

Во новоотворениот маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени во секое време свежо овошје и зеленчук, свежо месо, топол леб и вкусни пекарски производи, како и повеќе 10.000 други производи достапни 365 дена во годината. Работно време на маркетот е од 08:00 до 22:00 часот, секој ден.

Од „Рамстор“, како и секогаш, подготвуваат голем број изненадувања, и очекуваат дека корисниците кои се убедиле во квалитетот што го нудат нивните маркети, нема да ја пропуштат можноста да присуствуваат и на отворањето на новиот маркет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП