25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи благо пораснаа, инвеститорите внимателни

Европските берзи благо пораснаа, инвеститорите внимателни

berza zvonce

Цените на акциите на европските берзи во вторникот благо пораснаа , благодарение на подобрите од очекувани деловни резултати од Германија, но тргувањето е внимателно.

FTSEurofirst индексот на 300-те водечки европски акции околу 12.00 часот беше во плус 0,1 отсто, на 1.562 поени, откако вчера ослабна 0,2 отсто.

Франкфуртски DAX беше истовремено во плус 0,25 отсто, на рекордни 11.435 поени, додека лондонски FTSE порасна за 0,20 отсто, на 6.953 поени, а париски CAC се зголеми 0,25 отсто, на 4.930 поени.

Изутрината беше објавено дека во Германија прометот во трговијата на мало скокнал во јануари за 2,9 отсто на месечно ниво, а дури за 5,3 отсто на годишно ниво, значително над очекувањата на аналитичарите.

„На почетокот на новата година потрошувачката силно порасна, што се должи на пониските цени на горивата и зголемување на минималната плата во Германија“, вели Норберт Вуте, аналитичар во Bayerishe Landesbank.

Поддршка на берзите им пружи и растот на цената на нафтата на лоноднската берза за 1 долар, на 60,50 долари по барел, откако вчера потона за речиси 5 отсто.

Меѓу најголемите добитници денеска беше португалската берза, со раст од 0,8 отсто, бидејќи поради шпекулациите за можното спојување на акциите Banco BPI и Banco Comercial Portugues скокнаа за над 5,5 отсто.

Но, се тргува внимателно бидејќи од почетокот на годината FTSEurofirst порасна за 18 отсто, благодарение на најавите на Евроспката централна банка дека во март ќе воведе програма за откуп на државни обврзници.

Тоа би требало да ја намали цената на задолжувањето на компаниите и граѓаните, да го поттикне кредитирањето и растот на економиајта и да ја сузбие опасноста од дефлација.

Сепак, последните денови се тргува внимателно бидејќи индексите досигнаа рекордни или највиоски нивоа за повеќе години.

„Поради тоа не „играм“ на индексите, туку на одделни акции. Купуваме кога цените малку ќе паднат, а кога повторно ќе пораснат, собираме дел од заработката, но не премногу“, вели Маркус Хубер, трговец во Peregrine & Black.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП