28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПристигнаа новите товарни вагони за Македонски железници

Пристигнаа новите товарни вагони за Македонски железници

novi-vagoni-107

Нови 107 товарни вагони од вкупно 150 нарачани беа промовирани во вторник на станицата Скопје Товарна.

На промоцијата присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, како и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.

„Проектот за набавка на нови 150 товарни вагони е во длабока фаза на реализација. Веќе 107 вагони пристигнаа во Македонија, 43 треба да пристигнат во наредните неколку месеци со што ќе се заокружи проектот во којшто инвестираме 14 милиони евра“, изјави Груевски.

Како што претходно беше најавено, наскоро ќе бидат набавени две третини вагони за патничкиот сообраќај, а во 2018 година ќе заврши целосната обнова на железничкиот возен парк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП