20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманците лани најмногу работеле од 1992-ра година

Германците лани најмногу работеле од 1992-ра година

germanci rabota

Германските работници запишаа минатата недела најмногу работни часови од 1992-ра година, покажа во вторникот извештајот на Германскиот истражувачкиот институт посветен на пазарот на труд и на работните места.

Германците минатата година оствариле 58,5 милијарди работни часови, што е 1,5 отсто повеќе во однос на 2013-та година, се вели во извештајот. Рекордна била 1992-ра година со остварени 59,9 милијарди работни часови.

И покрај прашалната слика во поглед на економскиот раст во 2014-та година, бројот на работни часови бележи зналителен пораст, рече водечкиот истражувач на IAB Енцо Вебер.

„Пазарот на труд останува „коњска сила“ на германската економија. Една од причините за раст на бројот на работни часови е прекувременото работење“, рече Вебер.

Во просек, германски работник имал 21,1 час платено прекувремена работење, што е еден час повеќе во однос на претходната година. Неплатените прекувремени часови во просек изнесувале 27,8 часови по работник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП