16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста ја гуши Шпанија

Невработеноста ја гуши Шпанија

spanija-spain

Бројот на невработени во Шпанија во февруари е намален за 13,538 во однос на претходниот месец, но стапката на невработеност и понатака е на високо ниво, а бројот на лица без работа изнесува 4.512 милиони.

На меѓугодишно ниво бројот на невработени е намален за 300.333, што е најголемиот пад од 1999 година, соопшти Министерството за труд од Мадрид коe не дава податоци за стапката не невработеност.

Статистичкиот завот INE кој како невработени ги регистрира лицата кои активно бараат работа без оглед дали се регистрирани како невработени на Бирото за труд објави дека стапката на невработеност на крајот на 2014 година изнесувала 23,7 проценти, пренесува АФП.

Шпанија излезе од петгодишната рецесија со раст на бруто домашниот производ од 1,4 проценти во 2014 година.

Меѓутоа, без оглед на закрепнувањето на економијата, Шпанија не успеа да се избори со високата невработеност која веднаш по Грција е најголема во еврозоната.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП