19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит нови рекорди на Dow Jones и S&P 500

На Волстрит нови рекорди на Dow Jones и S&P 500

berza1

На Волстрит во понеделникот индексите Dow Jones и S&P 500 ги достигнаа новите највисоки нивоа во историјата, додека индексот Nasdaq првпат од 2000 година се проби над психолошката граница од 5.000 поени, благодарение на преземањата во технолошкиот сектор.

Така, во понеделникот индексот Dow Jones зајакна за 0,86 отсто, на 18.288 поени, додека индексот S&P 500 се зголеми за 0,61 проценти, на 2.117 поени, а индексот Nasdaq за 0,90 отсто, на 5.008 индексни поени.

Пробивот на индексот Nasdaq над 5.000 индексни поени првпат од ткн „дот-ком“ криза на почетокот од 2000 година, е благодарение на преземањата во технолошкиот сектор. Најмногу, за 17 отсто, скокна цената на акцијата на „NXP Semiconductors“ откако оваа компанија најави дека ја купува „Freescale Semiconductor“, со што ќе биде создадена компанија вредна повеќе од 40 милијарди долари. Цената на акцијата на „Freescale Semiconductor“, така, скокна за речиси 12 отсто. Од „Hewlett-Packard“, пак, известија дека за 2,7 милијарди долари ќе ја купат компанијата „Aruba Networks“. Благодарејќи на надежите на вложувачите во нови аквизиции и раст на активностите, во понеделникот силно пораснаа и цените на акциите на технолошките гиганти како „Google“ и „Cisco Systems“.

Продолжен е и растот на индексите Dow Jones и S&P 500, што според аналитичарите се должи на надежите на инвеститорите дека американската централна банка Federal Reserve (Fed) нема да брза со зголемувањето на каматите, имајќи предвид дека растот на економијата забавува. Во понеделникот, имено, дека потрошувачката на Американците, која инаку сочинува две третини од економските активности, во јануари паднала за 0,2 отсто, по 0,3-процентниот пад во декември.

Вклучувајќи ги податоците за падот на цените на горивата, потрошувачката, пак, реално пораснала за 0,3 отсто по 0,1 отсто пад во декември, што исто така не е импресивно за вложувачите.

„Растот на економијата забавува во првиот квартал, по силното второ минатогодишно полугодие. Повеќето заштеди на пониските цени на горивото граѓаните ги насочуваат во банките, а не на потрошувачката“, вели за Reuters Томас Костерг, економист „Standard Chartered Bank“.

Сигналите коишто доаѓаат од индустријата, пак, се нејасни. Според извештајот на институтот Markit, PMI индексот на активностите во февруари го достигнал највисокото ниво во последните четири месеци, додека според Институтот на менаџерите на порачките, ISM индексот на активностите се симнал на најниското ниво во последните 13 месеци.

По досега објавените макроекономски податоци во првите два месеца од оваа година, аналитичарите на „Morgan Stanley“, ја намалија процената за растот на американската економија во првиот годинешен квартал од 2,8 на 2,.3 отсто, а аналитичарите на „Macroeconomic Advisers“ од 2,3 на 2,1 отсто. Во вториот минатогодишен полугодишен период, американски бруто домашен производ (БДП) се зголемил за 3,6 отсто, а поради забавувањето на растот вложувачите се надеваат дека Fed одлуката за зголемување на каматите го одложиле за крајот на годината.

„Парите и натаму влегуваат на пазарот поради ниските каматни стапки, а иако акциите се поскапи, не се и прескапи“, вели Стивен Масока, директор во фондот „Wedbush Equity Management“ Истакнува и дека идните денови во фокусот ќе бидат макроекономските показатели, имајќи предвид дека објавувањето на кварталните деловни резултати на на компаниите се при крајот. Притоа најмногу внимание ќе привлече извештајот за вработеноста, кои ќе биде објавен во петокот.

Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека во февруари бројот на вработените во САД е зголемен за 238.000, помалку во однос на 257.000 во јануари. „Во продолжение од седмицата може да се очекува пауза, имајќи предвид дека во петокот се очекуваат податоците за вработените, по коишто би можело да биде појасно што Fed ќе стори со каматните стапки“, вели Даглас Депјетро, директор во компанијата „Evercore“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП