20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПаркур, концептот кој плени

Паркур, концептот кој плени

gugaro

„Italdesign Giugiaro“ е уште една во низата на произведувачи кои се впуштија во развојот на кросовер автомобили. Оваа компанија во Женева го прикажа необичниот концепт Паркур, кој претставува комбинација на спортски суперавтомобил и возило со СУВ карактеристики.

Кросовер заразата, која ја зафати Фолксваген групацијата (Бентли и Ламбурџини ги преставија своите СУВ концепти), стигна и до уште еден произведувач кој работи во рамките на овој автомобилски гигант.

Компанијата „Italdesign Giugiaro“  стана дел од Фолксваген групацијата во 2010-та година, а авто-саемот во Женева го претставија концептот Паркур кој настана во соработка со Ламбурџини.

gugaro3

Наречен по популарната урбана спортска дисциплина, овој концепт комбинира елементи кои се карактеристични за брзите спортски автомобили, со употребливоста на кросоверите.

Возилото е долго 4.520мм, широко 2.070мм, високо 1.335мм, а неговата маса е 1.550 килограми.

Паркур, кој со својот дизајн и со вратите кои се отвораат вертикално, од далеку може да се спореди со некој автомобил на Ламбурџини, и така во него го има моторот на Галјардо.

gugaro1

Станува збор за 5.3 литарски В10 мотор кој развива 550кс и е поставен зад патничката кабина. Моторот е поврзан со седмобрзински автоматски менувач со двојно квачило, а снагата се пренесува на сите четири тркала, чии пречник изнесува 22 инчи.

Овој концепт е во состојба до 100км на час да забрза за 3.6 секунди и да оствари максимална брзина од 320км/ч.

Беа прикажани две верзии на овој двосед, купе и роудстер варијанта со отворен покрив. Произведувачот не соопшти дали и кога има намера на купувачите да им понуди сериска верзија за концептот Паркур.

gugaro2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП