25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПофалбите се излезени од рајот

Пофалбите се излезени од рајот

82499_1_630x0

Можат да се упатат со помош на зборови, но тоа може да биде и прегратка, топол поглед или стисок на раката. Најчесто очекувањата и пофалбите се несразмерни. Посакуваме да ги добиваме многу повеќе одошто ни се упатени.

Пофалбите се многу важни во периодот на растење и градење на самодовербата. Уште во раното детство, поддршката и пофалбата на децата придонесува тие да ја намалат агресијата, која често е последица на стравот. Чувството дека му припаѓаш на семејството, меѓу другото, се гради и преку пофалбата.

Најчести пофалби:

– Браво

– Секоја чест

– Прекрасни сте

– Многу сте паметни

– Воодушевен сум од вас

– Многу ми помогнавте

– Без вас немаше да успеам

– Е, да има повеќе како вас…

Фројд вели, покрај сексуалниот нагон, најголем нагон на човекот е да се почувствува важен. Затоа се искачуваме на Монт Еверест, четири години се подготвуваме за Олимпијада. Тежнееме да бидеме најдобри, сакаме на некого да му помогнеме, а сето тоа за да бидеме пофалени.

Но зошто не прифаќаме пофалба и зошто не умееме да фалиме? Експертите сметаат дека тоа е резултат што кај нас децата се воспитуваат да бидат скромни. Можеби причината е во нашата култура, која, од некоја причина, нема развиено пофалби. А луѓето што нема да добијат нешто на емотивно ниво не знаат дека треба да го даваат тоа, упатувајќи убав збор и поддршка. Или, едноставно, не се снаоѓаат во тоа. Важно е да дадете искрена пофалба. Но како се дава таа?

„Гледајте го соговорникот во очи, пофалбата мора да ја упатите искрено. Лицемерството се препознава, бидејќи сите луѓе слушаат и со срцето, не само со ушите. Луѓето чие срце се полни со пофалби многу полесно и побрзо ги решаваат проблемите во комуникацијата“, тврдат експертите.

Пофалбите се подеднакво важни и во приватниот и во деловниот свет, сметаат експертите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП