29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАСакате ли да бидете поодговорни на работното место?

Сакате ли да бидете поодговорни на работното место?

OfficeWomanManBoss620480-620x330 (1)

Посакувате ли шефот конечно да ви довери некоја задача или проект?

Поголемата одговорност и довербата од надредените не паѓаат од небо. Нема да ја исполните таа цел доколку седите на бирото и чекате некоја понуда да ви падне од небо.

Ви претставуваме неколку совети кои ќе ви помогнат да ги остварите вашите деловни цели:

Прашајте го надредениот

Ова е наједноставниот начин. Замолете го шефот за состанок и објаснете му дека би сакале да преземете повеќе обврски. Ако ви изгледа дека шефот е скептичен за тој предлог, прашајте го зошто и што можете да направите по тоа прашање. Ако не можете да закажете состанок кај него, спомнете му го тоа на поминување.

Помош од колегите

Погледнете околу себе. Мислите ли дека некој од вашите колеги е пренатрупан со обврски и под стрес? Понудете се за помош. Колегите ќе го ценат тоа, а наредените ќе го забележат вашиот труд.

Волонтирајте

Во секоја компанија постојат многу стресни периоди, кога се чини дека едноставно не постојат доволно работни часови за да се исполнат сите задачи. Тоа е всушност исклучително добро време за да се искажете. Понудете ја својата помош и дајте се од себе. Сепак, немојте да ги преценувате своите можности и да ветувате повеќе од тоа што можете да го направите.

Време

Доколку шефот го одбие вашиот предлог, не го сфаќајте тоа лично. Согледајте ја ситуацијата од негова перспектива – ако додели погрешна задача на погрешна личност, тој ќе ги сноси последиците. Немојте сепак, да се откажувате бидејќи довербата не е нешто што можете да го стекнете преку ноќ. Со тек на време ќе дојдете и вие на ред.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП