19 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРА5 најчести непријатни ситуации на работа од кои ќе се засрамите

5 најчести непријатни ситуации на работа од кои ќе се засрамите

93922379754eb47b3b63f0903577011_w640

Некои мини кризи, односно непријатни ситуации на работа од кои ни се зацрвениле образите, сме ги имале речиси сите. Некои такви ситуации се помали, некои поголеми и непријатни, но за среќа ниту една не е непростлива. Ова се најчестите…

Конверзација со погрешно лице

Кога на чатот со колешката, која седи спроти вас, го озборувате шефот и уште го споменувате неговото име во пораката, а дури откако сте ја испратиле пораката сте забележале дека сте ја упатиле токму кај шефот. Од оваа грешка може да ви извлече само искрено и длабоко извинување.

Задоцнивте на состанокот

Важниот состанок или конференција за која сте се подготвиле започнала навремено, но вие сеуште барате паркинг. Тивкото влегување, погледите упатени кон вас кои ве следат се до седнувањето и вашето тивко и покајаничко извинување е непријатност која ја доживеале повеќето од нас.

Разгледувате интернет страни кои немаат врска со работата, додека вашиот шеф поминува зад вашиот грб

Ви била потребна кратка пауза, па сте ја искористиле за разгледување на интернет страници или сте одлучиле да погледнете некое смешно видео со цел да се ослободите од стресот. Нормално, токму во тој момент дошол шефот да ви каже нешто важно, а на вашиот монитор се замрзнала сликата од видеото кое го гледате.

Непријатен повик на мобилен додека во канцеларијата владее тишина

Работната атмосфера била бучава кога ви заѕвонил мобилниот, но вие не сте приметиле дека полека се стишала па така сте продолжиле гласно да го завршувате непријатниот и интимен разговор со човекот на линија. Кога сте се свестиле дека сите ве слушаат само вас, веќе е доцна.

Сте испиле премногу на деловната забава

Малку сте се опуштиле и сте испиле некоја чашка повеќе на приватната забава на вашата компанија. Не се сеќавате како сте повикале такси и како сте стигнале до дома? Верувате дека сте биле пристојни, а сепак колегите наредниот ден на работа ве гледаат и се смеат? Колку чашки алкохол испивте синоќа?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП