19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМагла на Стража, Маврово и Попова шапка

Магла на Стража, Маврово и Попова шапка

timthuhsdsdhmb1_0

Сообраќајот на патните правци низ Македонија се одвива тековно, по претежно влажни коловози. Магла со видливост до 30 метри има на Попова Шапка, Маврово и на планинскиот премин Стража.

Од АМСМ со препорака до возачите да бидат внимателни, да ја прилагодат брзина на движење и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.

Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП