29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен контакт центар на Агенцијата за катастар

Отворен контакт центар на Агенцијата за катастар

katastar

Агенцијата за катастар на недвижностиво петокот ја информираше јавноста дека  доби современ Контакт центар кој е ставен во служба на граѓаните, професионалните корисници и вработените на Агенцијата.

Контакт Центарот е достапен на бесплатната инфо линија 0800 80 800 на која може да се пријават сите забелешки или поплака за некоректен однос на вработените, мито и корупција, добивање информација за статусот на конкретен предмет како и други информации поврзани со работата на катастарот.

Во контакт центарот има посебна Инфо-линија за професионални корисници  на електронскиот шалтер, како и посебна Инфо-линија за странски инвестиции и домашни бизнис компании.

Контакт центарот работи секој работен ден од 08.30-16.30 часот, а информациите може да се добијат на  македонски, албански или англиски јазик.

Клиентите може да постават прашање, да остават коментари и сугестии и преку електронската пошта [email protected] .

Една од придобивките од формирањето на Контакт центарот е и можноста преку директните јавувања на бесплатната телефонска линија да се следи и задоволството на Клиентите од работата на катастарот,  но и можноста апликациски  да се креираат и следат анкети со цел да се добијат подетални информации од поширок круг на корисници за задоволството од добиените услуги од катастарот, се вели во соопшението.

Истовремено Агенцијата за катастар најави дека преку Контакт центарот ја започнува првата анкета која е насловена “Вашето мислење за нас- До подобра услуга за вас“

Во текот на викендот преку дневните весници, а од понеделник и во следните 30 дена на шалтерите во сите одделенија на катастарот, граѓаните ќе добијат прашалник  со 4 прашања и тоа:

1. Дали сте го посетиле катастарот,

2. За која услуга имавте потреба да дојдете во Катастарот,

3.Колку сте задоволни од  услугата во катастарот и

4. Дали имате предлози/сугестии со кои сметате дека би се подобрило работењето во Катастарот.

Целта на овој прашалник е да ја прашаме пошироката јавност за задоволството од добиените услуги од катастарот но истовремено и да замолиме за прелози, сугестии и идеи со цел да го подобриме работењето на катастарот односно да ги подобриме услугите кои ги даваме за нашите корисници, стои во сооптението.

Пополнетиот прашалник кој е анонимен ќе може да се остави веднаш на самиот шалтер, да се испрати по пошта или преку е-маил до Катастарот или анонимно преку бесплатната телефонска линија на Контакт центарот 0800 80 800 да се соопштат одговорите на прашањата.

 

 

 

Доставените прашалници ќе бидат примени и обработени од страна на

Вработените во Контакт центарот и добиените резултати ќе бидат внимателно

анализирани а понатаму и преточени во идни проекти кои ќе го подигнат нивото

на услугите на катастарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП