19 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕдинствениот далечински управувач: Року3 може да ви го спаси бракот

Единствениот далечински управувач: Року3 може да ви го спаси бракот

roku3

На сите нас ни е добро познато следново сценарио – партнерот заспал а вие сте будни, го барате далечинското, го наоѓате, но во тој момент партнерот се буди и тука започнува драмата.

Многу парови се расправаат за телевизорот, односно за бучавата која ја прави тој додека вашата посилна или поубава половина спие. Можеби ситуацијата е обратна, некој од вас двајцата силно хрчи и го поречува гледањето на телевизија на партнерот.

Во секој случај, Року3 е создаден за да го спаси вашиот брак. Иновативно решение – далечински управувач во кој се вклучуваат слушалки. Копчето за контрола на звукот се наоѓа на страна и веднаш штом се вклучите во далечинското, звукот ќе го слушате само вие.

Уредот ќе ве чини 99 долари – симболична цена за мир во куќата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП