29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМеси се израмни со Роналдо и го престигна Луис Фиго

Меси се израмни со Роналдо и го престигна Луис Фиго

mesi-lionel

Фудбалерите на Барселона го декласираа Леванте со 5:0 во натпревар одигран во рамките на 23.коло во Примера.

Барса со оваа победа ја одржа негативата од еден бод во однос на Реал, а мечот мина во знакот на Лионел Меси кој постигна три гола и имаше една асистенција.

Меси во победата над Леванте го постигна својот 23-ти ‘хет трик’ во Примера, со што на вечната листа се израмни со Кристијано Роналдо, стигна и до својата 106-та аситенција што е најмногу во последните 25 години во Примера и од првото место го симна Луис Фиго.

Меси головите ги постигна во 38., 59. и 65.минута од пенал, во 17.минута тој му асистираше на Нејмар кој го отвори резултатот, а последниот гол го потигна Луис Суарез, кој со ножички го погоди голот на Леванте.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП