25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООл Стар викенд: Тимот на светот ги совлада САД, Вигинс МВП

Ол Стар викенд: Тимот на светот ги совлада САД, Вигинс МВП

17014528-mmmain0

Во храмот на кошарката „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, во ноќта помеѓу петокот и саботата, започна Ол Стар викендот.

Првиот натпревар го одиграа играчите од САД против Тимот на светот, кој заврши со победата на странците од 121:112.

Тимот на светот го предводеше првиот пик од драфтот Ендру Вигинс кој за 23 минути имаше учинок од 22 поени, 6 скока, 4 асистенции и по една блокада и украдена топка.

Во тимот на САД се истакнаа Виктор Оладипо со 22 и Зек Левин со 17 поени.

Во Тимот на светот забележителен учинок имаа уште Французинот Руди Гобер (18 поени, 12 скока и 3 блокади) и играчите од балканските простори Никола Миротиќ и Бојан Богдановиќ кои постигнаа по 16 поени.

Во ноќта помеѓу саботата и неделата во Бруклин ќе се одржи натпреварот во шутирање тројки, додека последниот ден на програмата е Ол Стар натпреварот помеѓу Истокот и Западот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП