20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗАвтомобилскиот пазар бележи пад, подобрување дури за пет години

Автомобилскиот пазар бележи пад, подобрување дури за пет години

pazarkoli

Продажбата на нови автомобили во Европа во првите два месеци од оваа година е полоша од предвиденото, а подобри времиња се очекуваат за неколку години.

Претставнците на автомобилската индустрија оценија дека должничката криза во еврозоната оставила последици на европскиот пазар на автомобили.

Претседателот на БМВ, Норберт Реитхофер се надева на подобрување на ситуацијата на пазарот дури за пет години, имајќи ги во предвид последиците од економската криза, како и останатите последици за штедење кои значително ги погодија земјите од јужна Европа.

Минатата година продажбата на возила во 27-те земји-членки на ЕУ падна за осум проценти, а подобри резултати не се очекуваат во оваа година.

Во Германија во февруари беа продадени 200.000 автомобили помалку, што е пад од 10.5 проценти за истиот месец од пред една година.

Франција во февруари забележа пад од 12.1 проценти во продажбата на нови автомобили и тоа е 15-ти месец по ред во кој е тие забележуваат негативен резултат, а пак Италија и Шпанија забележаа пад од 17.4, односно 9.8 проценти.

По лошиот старт на годината, аналитичарите на финасиската организација Морган Стенли ги намали своите предвидувања од порано за падот на европскиот автомобилски пазар, од четири на шест проценти.

„Европскиот пазар секогаш бил комплициран“, изјавил директорот за продажба на Фолксваген, Кристијан Клингер.

Претставниците на француската групација ПСА Пежо-Рено ја потврдија својата прогноза за падот во продажбата од три до пет проценти за 2013-та година.

Аналитичарите оценуваат дека кризата која ја погоди Италија и Шпанија почна да се чувствува и на северниот дел од континентот.

Американската компанија Форд, која предвиде загуба од две милијарди долари во оваа година, очекува продажбата во првите шест месеци да биде полоша отколку што се очекувало.

Форд веќе затвори три фабрики во Европа, сметајќи дека производството во Европа на нивото пред кризата ќе се врати за четири до пет години.

Меѓутоа произведувачите на луксузни модели, кои се продаваат по просечна цена од милион до три милиони евра, како Мекларен, Ферари и Ламбурџини, не ја чувствуваат кризата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП