25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТој во Кока Кола има плата од 1,6 милиони долари

Тој во Кока Кола има плата од 1,6 милиони долари

kent muhtar1

Претседателот и извршен директор на Кока Кола, Мухтар Кент, минатата година како плата, надоместоци и бонуси добил 21,6 милиони долари.

Инаку, платата на Кент изнесува 1,6 милиони долари, без бонуси.

Кент, покрај тоа добил акции и акционерски опции исто како и минатата година – 13,1 милион долари, а како стимулација за успешната работа во компанијата добил уште шест милиони, пренесува порталот Аналитика.

Тој во 2011 година од компанијата добил нешто помалку пари од лани, само 21,2 милиони долари.

Кока-кола соопштила дека минатата година го зголемила профитот за пет проценти, на 9,02 милијарди долари, а продажбата низ светот за четири проценти.

60-годишниот  Мухтар Кент, Американец со турско потекло, кој во Кока-Кола работи од 1978 година, на чело на компанијата дошол во 2008, тој го претставил планот за удвојување на нејзиниот профит до 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП