18 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТелефоните ќе откриваат мириси

Телефоните ќе откриваат мириси

miristelefonni

Компанијата Адамант Технолоџис, развива процесор кој би требало да им помогне на “паметните” мобилни телефони да детектират мириси, и дигитализација на истите.

Од компанијата истакнаа дека нивниот процесор е многу софистициран, односно дека има околу 2.000 сетила за откривање на мирис, наспроти 400-те што ги има просечниот човечки нос.

Адамант Технолоџис започна со производство на процесорот во своите погони во Остин, Тексас, но апликациите кои ќе ги користат неговите можности има намера да ги претстави за една или две години. Од компанијата, како примена на една од првите апликации го наведуваат откривањето на непријатниот мирис од устата, која ќе го предупредува корисникот, и ќе го информира што ја предизвикува оваа состојба.

Како друга можна примена го наведуваат откривањето на шеќер и алкохол во крвта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП