25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАWindows 9 излегува на лето

Windows 9 излегува на лето

Computers_Windows

Корисниците се уште не се навикнаа на минатогодишната верзија на оперативниот систем „Windows 8“, а веќе се појавија гласини за наредната генерација на овој производ од компанијата „Microsoft“.

Според некои информации, можно е новата верзија да се појави ова лето. За почеток на шпекулациите се огласите кои компанијата ги објави на интернет во кои се бараа програмери за следната верзија на „Windows“, како и интернет страни кои тврдат дека имаат информации за новиот оперативен систем. Но од раководството на „Microsoft“ не даваат официјални изјави во врска со овие гласини, но неодамна говореа за уште поголемата интеграција меѓу уредите.

„Windows 9“ би требало да биде готов во јули или август оваа година, но прашање е на време кога ќе биде достапен за корисниците. Најверојатно „Microsoft“ сака да биде конкурентен со оперативните системи на„Apple“ кои секоја година добиваат нова верзија.

Се очекува новата верзија да има подобра прегледност, поголема персонализација на уредите, брзи и стабилни апликации, како и враќањето на „старт“ копчето. Пребарувањето ќе биде интегрирано во секоја апликација, а се очекува и 11-тата генерација на „Internet explorer“.

Секако важна е и цената, па многумина се надеваат дека „Microsoft“ значително ќе ја намали доколку има во план секоја година да претставува нова верзија. „Windows 9“ ќе биде прилагоден и за таблетите помали од десет инчи, затоа што тој сегмент моментално им припаѓа на „Android“ и „iOS“ уредите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП