29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКариерата и личниот живот: (Не) возможна мисија

Кариерата и личниот живот: (Не) возможна мисија

rabotaizivot2

Повеќето мажи и жени кои успешно напредуваат во кариерата велат дека можат да имаат успешна кариера и задоволувачки приватен живот, но не истовремено.

Новото меѓународно истражување во кое беа вклучени менаџери и директори на компании, покажа дека 70 проценти од нив веруваат дека можат да имаат успешна кариера и приватен живот.

Меѓутоа, половина од испитаниците велат дека е многу тешко да ги имате и двете работи одеднаш.

Онлајн истражувањето опфати 4.100 директори, менаџери, потпретседатели, сопственици и партнери во средни и големи компании во 33 земји. Ова истражување покажува дека половина од овие луѓе се трудат да го избалансираат приватниот и деловниот живот.

Кога овие луѓе биле запрашани за што сметаат дека е нивниот најголем успех, најпопуларниот одговор бил „рамнотежата помеѓу деловниот и приватниот живот“, со 46 проценти.

Околу половина од испитаниците кажале дека престанале да ја развиваат кариерата поради приватниот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП