16 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСимеоне и натаму верен на Атлетико

Симеоне и натаму верен на Атлетико

simeone

Тренерот на мадридски Атлетико, Диего Симеоне го продолжи договорот со клубот од шпанската престолнина до 2017-та година.

„Симеоне во првата сезона на клупата на Атлетико дојде до две европски титули, Лига Европа и Суперкупот. Оваа сезона екипата ја очекува уште едно финале во Кралскиот Куп. Па поради одличните резултати одлучивме да ја продолжиме соработката со него“, стои во соопштението на клубот.

Вториот по големина клуб од Мадрид многу добро игра и во првенството каде го заземаат второто место на табелата со 11 бодови заостанување зад лидерот Барселона и еден бод повеќе пред третопласираниот Реал.

Токму градскиот ривал ќе им биде противник на екипата на Симеоне во финалето од националниот Куп.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП