29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВлезниците на Олд Трафорд достигнаа и до 1000 фунти

Влезниците на Олд Трафорд достигнаа и до 1000 фунти

old

Навивачите често одат до крајност кога се во прашање клубовите кои ги сакаат. Има многу неверојатни приказни, но некои навистина се издвојуваат.

Враќањето на Кристијано Роналдо и Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“ предизвика голем интерес во Велика Британија. Капацитетот на стадионот на Манчестер Јунајтед (76.212) не е доволен да ги прими сите кои би сакале во живо да ја почуствуваат атмосферата на дербито од осминафиналето од Лигата на шампионите, а тоа одлично го искористија „тапкарошите“.

Иако на поголемиот дел на интернет страните специјализирани за купување на карти се наведуваше дека картите се одамна распродадени, британските медиуми пренесуваа дека влезниците можат да се купат од препродавачи во околината на стадионот по цена која достигнувала и до 1000 фунти.

Се тврди дека полицијата успеала да заплени одреден број на влезници кои се продавале „на црно“, но поголемиот дел од „тапкарошите“ со задоволство ги триеле рацете.

Жозе Мурињо во најавата на средбата изјави дека „светот ќе застане за да го гледа дуелот на двата најголеми тима во светот“, а пак Алекс Фергусон оцени дека овој натпревар има потенцијал да биде „величествен“.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП