23 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПринцот Талал навреден од проценката на Форбс

Принцот Талал навреден од проценката на Форбс

talal1

Саудискиот милијардер, принцот Ал Валид Бен Талал одлучи да ја прекине соработката со американскиот магазин Форбс, обвинувајќи го дека го потценил неговото богатство, се вели во соопштението од неговата компанија „Киндом Холдинг“.

Во проценката за 2013 која беше објавена во понеделникот, Форбс го процени богатството на принцот Талал на 20 милијарди долари, со што принцот беше прогласен за 26 најбогат човек на планетата.

„Киндом Холдинг“ ја негираа оваа проценка и во соопштението проценуват дека по шест години соработка со тимот за проценка на Форбс, тимот одбил да го пресмета богатството на принцот Талал врз основа на неговиот имот наведен на Саудиската берза.

„Киндом Холдинг“ протестира против фактот дека тимот на Форбс ги земал во предвид гласините дека постои „манупилација“ со податоците на таа берза.

„Ни откривме дека Форбс нема намера да ја подобри својата метода за проценување на нашиот холдинг, затоа одлучивме да ја прекинеме нашата соработка со нив“, се истакнува во соопштението.

„Киндом Холдинг“ нагласува дека и понатака има доверба во „Блумберг Билионерс“, кои богатството на принцот Ал Валид Бен Талал, внук на кралот Абдула, го процениле на 28 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП