29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШеици од Катар заинтересирани за грчки острови

Шеици од Катар заинтересирани за грчки острови

greek-island-skorpios

Кралското семејство на Катар е заинтересирано за уште пет грчки острови, како и за инвестиции во стариот атински аеродром „Елиникон“, во сегашниот меѓународен аеродром „Елефтериос Венизелос“, хотелот „Астир Палас“ и „Финанс банк“, тврди весникот „Фајненшал тајмс“.

Ваквите тврдења на весникот се поврзани со неодамна склучената зделка во вредност од 4,9 милиони евра за купување на пустиот грчки остров Оксија во Јонското Море. Се нагласува дека зделката е склучена четири недели по посетата на премиерот Андонис Самарас на Катар, која имала за цел привлекување инвестиции во Грција.

Некои големи инвестициски објекти, кои беа замрзнати, сега повторно се ставени на дневен ред, изјавил за „Фајненшал тајмс“ грчки владин претставник.

Во текстот се објавени и изјави на градоначалникот на островот Итака, Јоанис Касианос, кој тврди дека емирот на Катар покажал интерес и за купување на уште пет помали острови од архипелагот Ехинади, каде планира да изгради приватен семеен туристички центар.

Привлекувањето инвестиции од државите од Заливот претставува приоритет за грчката Влада, која вложува големи напори за да ги постигне своите амбициозни цели во однос на приходите од приватизацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП