25 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИЛани „етичките хакери“ од Google заработија 1.5 милиони долари

Лани „етичките хакери“ од Google заработија 1.5 милиони долари

google hakeri

„Google“ објави дека платиле над 1.5 милиони долари во минатата година на т.н. „етички хакери“ кои и помогнаа на компанијата да открие различни слабости во однос на безбедноста на нејзините производи.

Компанијата ја започна програмата за обезбедување на надомест при откривање на нејзини недостатоци во безбедноста во 2010-та година, за да ги охрабри хакерите да ги наоѓаат ваквите пропусти и да ги известуваат за нив.

Во последната година сумата била распределена меѓу над 200 луѓе, а најголем износ од 150.000 долари е платен на 17-годишен тинејџер кој открил проблеми со безбедноста на „Google Chrome“ прелистувачот. Потоа тој дури започнува да работи како приправник во „Google“.

Оваа иницијатива на „Google“ неодамна предизвика критики од страна на „Microsoft“, откако „Google“ објави за пропуст во безбедноста на „Windows 8“, пред „Microsoft“ да има можност да го отстрани.

Google“ не е единствената голема технолошка компанија која обезбедува надоместок за ваква дејност. „Facebook“, „Twitter“ и „Mozilla“ исто така имаат слични програми според кои плаќаат за откривање на слабостите во нивните производи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП