25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерена Вилијамс ја освои 19-тата титула од Гренд Слем по нов триумф...

Серена Вилијамс ја освои 19-тата титула од Гренд Слем по нов триумф против Шарапова

serenka

Серена Вилијамс го освои Отвореното првенство во тенис на Австралија и дојде до 19-тата Гренд Слем титула во кариерата. Во финалето Американката беше подобра со 6:3, 7:6 (5) против Марија Шарапова.

Натпреварот во Мелбурн траеше 1 час и 51 минути и доведе до барем навидум очекуваниот резултат. Вилијамс продолжи со импресивната серија против Шарапова од 16 последователни победи и вкупно 17 од 19 натпревари. Последниот успех за Русинката во ова ривалство е од 2004-та година.

Лидерката во светската „ВТА“ веќе има шест титули во Австралија, со што стана најуспешната тенисерка на овој турнир.

Натпреварот започна нервозно со доста грешки и од двете. Вилијамс стигна до можност за пробив уште во првиот гем, а Шарапова нејзинот успехот го оствари со двојна грешка.

Средбата беше прекината за малку повеќе од десет минути во шестиот гем, бидејќи организаторите мораа да затворат покривот над теренот поради дождот. По продолжувањето на играта Вилијамс поведе со 4:2.

Потоа дојде ред на три последователни брејка, по кои Американката стигна до 6:3.

Вториот сет беше значително долг. Во десеттиот гем Вилијамс имаше можност да ја освои титулата, но Шарапова го манифестираше карактеристичниот дух и со одлични игра успеа да освои гем.

Во тајбрејкот Русинката започна со минипробив. Но Американката одговори со четири последователни поени и направи разлика во своја полза. Шарапова спаси нов меч топка при 4:6. Тогаш Вилијамс го направи 18-тиот ас во финалето и заслужено дојде до титулата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП